Наскоро нов Fiat 500L – Fiat Makedonija

Вести

Наскоро нов Fiat 500L

07 December 2017

170522_Fiat_New-500L-Cross_02_slider

  • Уште повеќе 500, повеќе удобност, повеќе технологија: тоа е описот на новиот Fiat 500L.
  • Единствена комбинација на простор и карактер, лидер на пазарот во Европа уште со самото претставување.
  • 40% од неговите компоненти се нови.
  • На македонскиот пазар ќе бидат достапни двете изведби 500L и 500L Cross.

Новиот Fiat 500L доаѓа и во Македонија. Со нагласување на карактеристиките кои ја зацврстија неговата европска доминација и константното зголемување на водечката улога на пазарот, најпросторниот 500 од сите, сега е уште поисполнет со технологија и поврзан, а има и повеќе карактер. Овие карактеристики се истакнуваат во различните изведби кои ќе бидат достапни за македонскиот пазар : Urban и Cross.
Стилот на 500 е поуочлив кај неговата подобрена верзија, кај која 40% од сите компоненти се нови. Дизајниран е да го зацврсти фамилијарното чувство за моделот со нагласување ка клучните стилски карактеристики, за високо потенциран идентитет. 500L успешно ги комбинира модуларноста и основните вредности и карактеристики на 500. И само ова е сосема доволно за да биде уникатен, но дополнително е надополнет и со типични 500 вештини: 500L ги комбинира сиот стил и возбуда на 500 со просторноста и функционалноста на едно повеќенаменско возило. Градските улици низ светот се природната средина за легендарниот Fiat, а кај новата верзија Cross, 500L го комбинира добро познатиот компактен стил со изгледот на crossover. Вклучува избирач за режим за да се изберат три различни режими на работа во зависност на стилот на возење и условите на патот: Normal, Traction+ и Gravity Control. Секој кој ќе избере да вози нов 500L, на градските улици или пак на груб терен, ја има истата, моментална потреба: да остане поврзан, да ги сподели впечатоците од патувањето, да комуницира, да ја слуша омилената музика и да добива информации за сообраќајот и временската прогноза во реално време. Со новиот 500L можете да го правите ова и уште многу други нешта додека рацете ви се на управувачот, а очите на патот со користење на UconnectTM HD Live со 7” екран чувствителен на допир со висока резолуција, Apple Car Play интеграција и компатибилноста  со Android AutoTM.
Cross верзијата додава нова димензија на карактерот на новиот 500L. Како надополнување на избирачот за режим на возење, авантуристичкиот карактер на автомобилот е нагласен со специфична опрема, 25 mm повеќе растојание од тлото и стилски детали кои допринесуваат за вистински изглед на crossover: нов дизајн на браниците, нова странична заштита и нови предна и задна заштита на подвозјето. Cross го придружува најчистата гратска везија Urban.
Ова не се само две верзии, туку два автентичи идентитети, создадени за да воодушеват различни луѓе и да служат за различни потреби. И двете верзии имаат исклучителни безбедносни карактеристики, како  Autonomous City Brake, автоматски систем за кочење кој функционира во град при брзина под 30 km/h, како и најголем багажен простор во класата. Внатрешната конфигурација е исто така исклучително флексибилна, овозможувајќи им на корисниците да креираат и до 1,500 внатрешни прилагодувања. Ексклузивни пакети, кој ќе овозможат прилагодување кон потребите во однос на стилот, поврзаноста, како и безбедноста.

Најново од Fiat