Вчера, беше претставена јубилејната марка на Fiat 500 – Fiat Makedonija

Вести

Вчера, беше претставена јубилејната марка на Fiat 500

05 July 2017

170704_Fiat_NUOVA_500_US_slider

Вчера, во малата палата во Мирафиори во Торино, на свечена церемонија беше претставена новата поштенска марка издадена посветена на Fiat 500, на денот на прославата на неговиот шеесети роденден. Настанот се одржа во пристуство на Иван Скалфарото, потсекретар во Министерството за економски развој; Џовани Акузани Директор на Филателија при Италијанската пошта; Иво Планета, извршен директор на Полиграфскиот Институт и државната ковачница; Алфредо Алтавила, оперативен директор на FCA EMEA и Оливие Франсоа, директор на брендот Fiat и маркетинг директор на FCA.

Овој колекционерски предмет, произведен во 1.000.000 примероци е во продажба од вчера и го слави моделот кој ја создаваше историјата на автомобилите во светот. Со вредност од 0,95 евра и отпечатен од страна на Канцеларијата за хартии од вредност при Полиграфскиот Институт и државната ковачница, го покажува единствениот профил на историскиот Fiat 500, претставен до исто толку славната негова денешена верзија. На сина основа со тробојна лента во близина на горниот дел која ги врамува годините 1957-2017 и натписот “Fiat Nuova 500” co букви од некогашните огласи од 1957. Станува збор за вистинско минијатурно ремек дело, кое го слави остварувањето на еден сон за движење и слобода.

500 беше чудо на италијанскиот дизајн, но пред сè автомобил кој го подобри секојдневниот живот на милиони луѓе, беше дел од економскиот развој, ја постави Италија на четири тркала и потоа се насели насекаде во светот, до толку што 80% од 500 се продадени надвор од Италија и е автомобил лидер во Европа, на прво место во 8 и на подиумот во 6 држави.

Ова е посебен начин да се прослави роденденот, токму во фабриката во Мирафиори каде 500 се произведуваше во далечната 1957. Од тогаш, во текот на овие шеесет години стана права икона благодарение на неговата функционалност, на иноваацијата на форми и технологии, препознатливи во дизајнот на единствената каросерија и разновидна намена. Навлезен длабоко во колективната свест на масата со душа и силна личност, 500 беше лекција со децении како се влијае и како се определува формата и содржините на голем дел од современите корисни возила. Во 2007, 500 беше дел од фазата на силно културолошко издигнување во светот на автомобилите, кој преку технолошката и формална еволуција стана модел со потврден успех насекаде во светот. Наследство од огромна вредност кое ретко кој конструктор го поседува.

Co шеесет годишна историја на плеќи, Fiat 500 е подготевн да помине долг пат, како симбол на најдобриот италијански стил. Икона на еден народ и на едно време која опстојува во времето и станува се посакана и поценета во целиот свет, а останува млада благодарение на нејзиниот развој и специјални серии кои со време, ја збогатија гамата.

Најново од Fiat